Очигледно дека Заев и Спасовски не се способни да се справат со скандалот „Јавна соба“ кој ја тресе јавноста со месеци. Додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква заштита на жртвите.
Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Tелеграм, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата во истото додаваат:
За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата.
Со ова уште еднаш власта докажа дека е неспособна да ги заштита граѓани, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби.