На социјалната мрежа ТикТок постојано се појавуваат скандалозни видео содржи кои ги снимаат корисниците на оваа мрежа во Македонија. Најновото видео кое го привлече вниманието прикажува скопјанец кој чува мечка како домашно миленче иако со Закон за заштита на животните тоа е забрането.
https://twitter.com/Dedo_Mraz/status/1354409488070148099?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1354409488070148099%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F366512%2Fskandalozno-video-skopjanec-cuva-mece-kako-domasno-milenice
На видеото може да се види малото мече како си игра со куче од расата аргентинска дога, која во еден момент го напаѓа животното по што се слуша глас во позадина кој го одвраќа од намерата.
Не е познато дали малото мече е заробено и се чува како милениче или пак служи како спаринг-партнер за за тренирање на кучиња.
Во Македонија постои Закон со кој мечките не смеат да се ловат и се под трајна заштита на државата.
фото и видео: ТИК ТОК