Планот за вакцинација е направен, фрижидерите се набавени, недостигаат уште само вакцини.
По низата најави на стотици илјади вакцини против коронавирус и по контрадикторните изјави на властите за тоа кога и од каде ќе пристигнат првите дози, владата синоќа одлучи да започне постапка за набавка на 200 илјади кинески вакцини.
- Да не се секираме, почнавме уште една постапка за набавка на вакцини. Македонија е шампион во светот по нарачани и нестигнати вакцини по глава на жител, пишува во објава на ФБ.