Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс по историски лошиот извештај за Македонија од Транспаренси Интернешнел испрати порака до Заев дека борбата против корупција е критично важна за Македонија.
– Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – довербата едни во други и во владата, вербата во фер и еднаква правда и довербата да се изградат, растат и модернизираат економиите. Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл во 2020 година е јасен сигнал дека борбатa против корупцијата останува критично важна задача за Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, пишува на Фејсбук амбасадорката Кејт Брнс.
