Медиасет

Во Бугарија, уапсена група која фалсификувала пари и документи – имало и пасош на Силвестер Сталоне

Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет. Oбвинети се шест лица кои тоа што фалсификувале и дистрибуирајле лажни бугарски документи, тие фалсификувале и банкноти од американски долари и евра.

Лицата биле уапсени откако биле пронајдени печатарски машини и опрема за производство на фалсификувани банкноти и документи при претрес на 30 локации низ Бугарија во заедничка акција со Европол и американска тајна служба.

Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти.

На почеток