Македонија

Бонева за Фокус тврди дека станот во Скопје не бил купен од пари од нејзините патни трошоци туку сопругот добил на лото

Некогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева за Фокус , тврди  дека станот во Скопје на синот не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари.

Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.

Која е сумата што сопругот ја добил на лото во 2013 година, Бонева не ја открива.

Текстот во целост на Фокус

 

На почеток