Свет

Милијардерот Аркадиј Ротенберг тврди дека тој е сопственикот на палатата за која Навални вели дека е од Путин

Милијардерот Аркадиј Ротенберг, близок до претседателот Владимир Путин, денеска изјави дека тој е сопственикот на палатата на Црното Море за која затворениот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека ја користел рускиот претседател.

„Пред неколку години, успеав да постигнам договор со доверителите и станав корисник на таа зграда“, тврди Аркадиј Ротенберг во соопштение кое го пренесе неговата канцеларија за печат. Тој додава дека има намера зградата да ја претвори во хотел.

Опозицискиот лидер Алексеј Навални го обвини Владимир Путин во филм објавен на „Јутјуб“, а досега прегледан над 100 милиони пати, дека користи огромна и раскошна палата на брегот на Црното Море, чија изградба чинела повеќе од милијарда евра.

фото: Архива

На почеток