Свет

Радев: Владата на Борисов во ЕУ не успеа да ја претстави бугарската позиција за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ја критикуваше Владата на Бојко Борисов дека не успеала да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија пред западните партнери. Тој кажа дека дека спорот со Северна Македонија ја потврдил тезата дека самото доделување бугарско државјанство не е доволно за соработката со бугарските заедници во странство.

„Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во РС Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарските власти не успеаја да и ја претстават на ЕУ позицијата на Бугарија за РС Македонија“, рече Радев.

На прес-конференција на која даде отчет за сработеното, Радев најави дека ќе се кандидира за втор мандат. Tој рече дека во оваа бурна година за Бугарија, претседателската институција продолжила да ги брани интересите на Бугарите, да биде последната бариера за беззаконието, да работи за модернизација на Бугарија и за интересите на Бугарите во странство.

фото: Архива

На почеток