Алијанса за албанците одржа прес конференција пред канцеларијата на Народниот Правобранител, со цел како што велат да ја изразат нивната некомпатибилност и револт во врска со изборот на Насер Зибери за Народен Правобранител.
„За жал, пред неколку дена, на многу лукав начин во Собранието на Северна Македонија, со само 61 глас „за“ и без согласност на опозицијата, Насер Зибери беше избран за Народен Правобранител.
Ве потсетуваме дека Насер Зибери, покрај тоа што беше политички активист и партиски функционер, на последните парламентарни избори беше кандидат за премиер од ДУИ, од партијата што е денес во влада, против која Насери Зибери ќе мора да ги заштити правата на граѓаните, велат од Алијанса за Албанците.
Тие додаваат:
Ова е спротивно Законот за Народен Правобранител, кој во член 3 вели: „Народниот Правобранител е независен и самостоен во извршување на својата функција.“ Додека во членот 2 се вели дека Народниот Правобранител е тело кое ги штити уставните и законските права на граѓаните и сите други лица, кога тие се повредени од органите на државната управа и од другите тела и организации кои имаат јавни овластувања.
Факт е дека Насер Зибери не е независен и самостоен, затоа нема да може да ги брани правата на граѓаните против владата, што значи дека тој не е и не може да биде Народен Правобранител.
Денес, на денот на неговата инаугурација, одлучивме симболично да ја преименуваме канцеларијата на Народниот Правобранител, како што и навистина заслужува и ќе биде канцеларија на Правобранител на Владата / ДУИ.
Во врска со ова, ги повикуваме сите институции на Европската Унија и амбасадите на пријателските земји, јавно да го осудат овој чин на заплена на државните институции, што не само што е во спротивност со Законот за народен правобранител, туку и со принципите на Венеција за Народен Правобранител.