Уредена е нова пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.
Овие активности се дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет беа издвоени 600.000 денари. Работните активности на терен ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.