Македонија

Струмичанец силувал малолетничка, а негов пријател снимал

Двајца струмичани се осомничени за силување, подведување и за производство и дистрибуција на детска порнографија.

СВР – Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од село Баница, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело подведување и овозможување полови дејствија и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела подведување и овозможување полови дејствија и производство и дистрибуција на детска порнографија.

В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.

фото: Архива

На почеток