Пред три недели Истражувачката репортерска лабораторија објави јавен повик со цел да ги прашаме жителите на 10-те скопски општини дали се слуша нивниот глас кога локалната власт носи одлуки кои директно влијаат врз квалитетот на нивниот живот. Анкетата сакавме да ја направиме со цел да откриеме кои се проблемите кои ги предизвикува таканаречната урбана мафија. Идејата ни беше граѓаните да ни помогнат да идентификуваме проблеми за кои не знаеме, а кои значајно може да го сменат животот на луѓето во заедницата, објави ИРЛ.МК.
Огромно мнозинство од граѓаните на Скопје веруваат дека во последните десет години се случува градежна експанзија, во која не се почитуваат урбанистичките планови со присуство на голема корупција.
Дури 96,4 проценти од анектираните, сметаат дека при градењето на нови градби во последните 10 години во нивните општини не се почитувале урбанистичките и градежни стандарди.
Во анкетата граѓаните се неподелени околу присуството на корупцијата при доделување на градежните дозволи. На прашањето дали се сомневате на корупција при доделување на градежни дозволи, над 76 одговориле потврдно, 22 отсто одговориле со не знам, а нешто над еден посто не веруваат дека има корупција во тој процес. Оние што одговориле потврдно за присуството на корупција при доделување на градежни дозволи, веруваат дека тоа е поврзано со работата на градоначалниците и советниците, градежните инспектори како и Катастарот.
93 проценти никогаш не учествувале на јавна расправа за урбанистички планови
Текстот во целост на: ИРЛ.МК.