Коментари

Самоиловска-Цветанова: Кажете ѝ на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар

Ако Србија има културен центар во Северна Македонија, сакаме да има и бугарски културен центар, порача министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по најавите дека во Македонија ќе има српски културен центар.

Со реакција се јави и поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска-Цветанова, којашто рече дека во Македонија веќе има таков центар.

„Кажете ѝ на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2002 година“, напиша Цветанова.

На почеток