Коментари

Тасески: Секаде е нормално дете генијалец да биде заштитено од државата, а овде не можат ни 150 евра да добијат

Дете од основно победува средношколци на државен турнир по математика. За шампионот следувала награда од 10 илјади денари. Арно ама Милата Роза од Финска одлучува да не му додели награда зашто малиот не бил средношколец, туку основец. Така било во некој посран закон, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасески.

Тасески во објавата додава:

Во исто време истата таа одобрува милиони денари за промоција на сексуални настраности во основните училишта.
А како можеше пред три годину да се издвојат дури и 40 илјади евра за стипендија на просечна студентка, ама ќерка на министер кој во тоа време посветено работеше на промената на името на државата? Тоа можеше, ова не?
Што понатаму?
Каде понатаму?
Секаде е нормално дете генијалец да биде државно заштитено и усовршено на најјакиот универзитет на трошок на таа држава.
Овде такви деца не можат ни 150 евра да добијат, кои патем ги заслужиле.
Па ти бре створу, на таа плата, да беше нормална, од џеб ќе извадеше 150 евра и никој да не дознае ќе му ги дадеше на малиот. И немаше овој резил да го јадеш.

На почеток