Свет

Црногорската тајна служба незаконски следела опозициски политичари, новинари и други лица од јавната сцена

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ изјави дека црногорската тајна служба незаконски следела опозициски политичари, новинари и други лица од јавната сцена, а како налогодавач го посочи поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Дејан Перуничиќ.

Абазовиќ, кој е одговорен за безбедносниот сектор, на вонредна прес-конференција изјави дека информациите собрани од тајната служба завршиле на порталот Удар.ме, кој беше основан пред парламентарните избори минатата година, а последните информации ги објави на 30 август на денот на изборите, објави Макфакс .

„Дејан Перуничиќ, поранешниот директор на Агенцијата, е тој што наредил незаконско следење на политичари, новинари и луѓе од јавната сцена“, рече Абазовиќ.

По формирањето на новата црногорска влада во средината на декември, беа извршени кадровски промени и во безбедносниот сектор.Дејан Вукшиќ, адвокат од Котор, го замени долгогодишниот оперативец Дејан Перунишиќ на чело на црногорската тајна служба. По еден месец откри дека полицајците на АНБ запалиле голем дел од документацијата поврзана со нелегалното прислушување на јавни личности и ги предаде собраните податоци на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Разрешениот директор на црногорската тајна служба, Дејан Перуничиќ, не сакаше да ги коментира обвинувањата изнесени од вицепремиерот, тврдејќи дека тој ги познавал законите „и знае што е тајност на податоците“.

Текстот во целост на: Макфакс 

На почеток