Над сто луѓе се загинати, и десетици исчезнати откако дел од глечер на Хималаите се откачил и погодил брана во Индија. Уништената брана предизвикала отпуштање на водата која го поплавила блиското село.
Индија прогласи тревога во северните делови на земјата.
Сведоци опишаа ѕид од прашина, камења и вода додека лавината се спуштала кон долината на реката. Населението стравува дека вработените на хидроцентралата ги изгубиле животите, како и селаните кои во близина на реката барале дрва за огрев или ја воделе стоката на пасење.
Главниот министер на Утараканд Тривендра Синг Рават на Твитер објави дека е „охрабрувачко тоа што текот на реката Алакнанда почнува да се нормализира“.
„Нивото на водата сега е метар над нормалното и паѓа“, соопшти тој.
фото: Country Highlights