Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот тим на Заев ја носи државата во пропаст

Јавниот долг расте, a економијата е пред колапс. Економскиот тим на Зоран Заев ја носи државата во економска пропаст, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека македонската економија тоне, а граѓаните се се посиромашни.

„Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија во вториот квартал се зголемиле за 0,3 процентни поени.

„Министерството за финансии објави проспекти за ново задолжување од 32 милиони евра за наредната недела додека само пред неполни две недели ги задолжи граѓаните за дополнителни 57 милиони евра. Милионите задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за кои годишно плаќаме огромни камати“, велат од опозициската партија.

Оттаму констатираат дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, а како виновници за актуелната неповолна ситуација ги посочуваат СДСМ и Зоран Заев, кои според нив, мора да заминат со цел Македонија да победи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток