Македонија

Братот на убиенот рибар кај Смилковско: На брат ми не му се гледаше пола од главата, беше застрелан од близина со три куршуми

Во синоќешната емисија Во Центар беше емитувано интервјуто со Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Во интервју кое изобилува со многу емоции беа разгледувани новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.
Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. Тоа не е точно вели тој.

-На брат ми не му се гледаше пола од главата. Беше застрелан од близина со три куршуми, вели тој.

Целото интервју можете да го погледате на: Во Центар

На почеток