Актуелно

(ФОТО) Јавна дебата во Охрид за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование

Работиме интензивно за прилагодување на образованието кон потребите на пазарот на труд и барањата од компаниите. Развојот на средното стручно образование е во насока на подобри вработувања за младите по завршувањето на образовниот процес и создавање можности за подобар економски раст, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Во продолжение на објавата градоначалникот додаде:
Денес во Охрид имавме успешна јавна дебата за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование. Се работи за сериозен потфат на Министeрството за образование и наука кој ќе овозможи осовременување на стручните наставни програми за подобри и поефективни образовни резултати.
На почеток