Никица Давкова, мајка на Дамјан во својот послeден пост на Фејсбук вели дека по добиеното решение од Министерството за образование ќе ја искористат правната поука и ќе поднесат тужба до Управн суд.
Таа им се заблагодарува на сите кои понудија да ја исплатат наградата.
Голема благодарност до СИТЕ поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании, болници, банки, бизнис сектор, музичари и други кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од тоа. Принципиелно ги одбивме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка.
Што се однесува за добиеното Решение од МОН, си има правна поука која ќе ја искористиме и ќе продолжиме понатаму, напиша Давкова на ФБ.
фото: Архива