Во Србија пристигнаа уште руски вакцини против коронавирус. Вакцините пристигнале рано утрово со авион, а се работи за количина од 50.000 дози на вакцината „спутник V“.
Авион на „Ер Србија“, кој ги пренесувал вакцините, слетал утрово во околу 6:30 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а вакцините веднаш ќе бидат доставени во институтот „Торлак“, од каде што ќе се дистрибуираат до центрите за вакцинација ширум земјата.
Во Србија до овој момент се вакцинирани 555.000 граѓани, а од денеска на 200 пунктови 5.500 лица ќе ја примат втората вакцина, со што почнува масовната ревакцинција на жителите.
фото: EURACTIV.com
