Приватен авион од типот „Фалкон 50“ се сруши во американската сојузна држава Јужна Каролина, а пилотот и копилотот го загубиле својот живот. При падот, авионот буквално се преполовил.
Како што пренесуваат американските медиуми, во авионот имало четири лица, а од двајцата загинати, едниот бил прогласен за мртов на лице место, додека другиот им подлегнал на повредите подоцна во болница.
Авионот ја промашил пистата и се срушил на патот покрај аеродромот во Гринвил, а засега не е познато кои се причините за несреќата.