Свет

Тачи: Ердоган лично ќе се заложи Косово да биде признаено од поголем број земји

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган лично ќе се заложи за зголемување на бројот на земји кои би го признале Косово, како и во процесот на зачленување на Приштина во меѓународните организации, изјави косовскиот претседател, Хашим Тачи по средбата со Ердоган во Њујорк.

На состанокот, на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, била разгледана можноста за продлабочување на билатералната соработка, трговската размена и соработката во други области од заеднички интерес.

„Тачи доби поддршка од Ердоган за процесот за прием на Косово во „Интерпол“, а го информираше дека во завршна фаза е дијалогот за нормализација на односите со Србија, како и за потребата да постигне правно обврзувачки договор“, пренесе РТК2.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток