Општина Аеродром неодамна ја промовираше во јавноста четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Платформата опфаќа дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром, меѓу кои:
- Нула цврст отпад за заштита на животна средина „CleanAirDrom“.
- Воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината.
- Простори за одлагање кабаст отпад.
- Диверзифицирана понуда на енергетска ефикасност до станбените заедници, која би се реализирала како форма на ЈПП за креирање „Енергетски задруги“ во рамките на Општина Аеродром.
- Селекција и компостирање органски отпад.
- Промоција на нова општинска зграда во 3Д-презентација.
- Ревизија и хармонизација на процесот на легализација со цел забрзување на решавањето на предметите.
- Функционални урбани заедници.
- Формирање ЈП за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.
- Креирање енергетски задруги.
- Велодром „Кружен тек – Аеродром“ во соработка со МЖ – Инфраструктура, а поддржан и кофинансиран од Холандска/Данска амбасада.
- Проекти за поквалитетен начин на живот преку членство во Советот на Европа за единиците на локалната самоуправа.
- Спортот го зближува Аеродром – интензивирање на интернационалната меѓуопштинска соработка со општини што несебично го поддржуваат спортот, и тоа во соработка со КК МЗТ по патот на АБА-лигата, Бешикташ – најспортска градска општина на Истанбул, Букурешт – домаќин на Европското фудбалско првенство каде што за првпат ќе настапува македонската селекција и други.
- Спортско ТВ-шоу „Тројка за МЗТ“.
- Изработка на семејна апликативна картичка „FamilyAerodrom“ наменета за сите жители на општината (по една на домаќинство), односно понуда на низа поволности, можности и вклученост (мобилност) во проектите на самата општина.
- Ревизорска интегрирана политика и практика во соработка со Ревизорското тело и со Државната комисија за спречување корупција.
- Интерактивни училишта како пилот-проекти на основните училишта во Аеродром, кои вклучуваат инсталирање смарт-табли и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште, настава за интелектуално надарени ученици“ (приспособена наставна програма од приватни странски училишта) и други.
- Зголемен рурален развој преку основање Зона за рурален развој во Лисиче, прва од таков тип во нашата држава.
- Канцеларија за поддршка на локални акциски групи (ЛАГ – Инкубатор за рурален развој преку промоција на Земјоделска задруга „Лисиче“, легализација на локален рибник, воспоставување „систем (мрежа) на урбани фарми“ и други.
- Консултантска и логистичка помош за ИПАРД-проекти.
- Прв национален професионален голф-терен во директна соработка со Голф-федерацијата на Македонија и бизнис-заедницата, а кој воедно би бил поддржан и од европскиот фонд ИПАРД 3 за развој на руралниот туризам.
Стратегиската платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со меѓународни асоцијации и здруженија, со медиумите, со институциите и пред сè со граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина. Подобар квалитет на живот за сите наши жители!
Фото: Општина Аеродром