Македонија

Во изминатата деценија 14.076 граѓани се откажале од македонското државјанство со цел да се стекнат со пасош од друга земја

Најголем број на граѓани или 1.621 донеле одлука да се стекнат со друго државјанство во 2018 година. Најмал број пак е забележан во 2011 година. Најчесто граѓаните се откажуваат од македонскиот пасош, поради тоа што некои држави имаат политика да не дозволуваат две државјанства, објави  slobodnaevropa.mk. 

Во изминатата деценија 14.076 граѓани се откажале од македонското државјанство со цел да се стекнат со пасош од друга земја. Бројката секоја година се движи од 1000 до 1700 лица, а во просек изнесува 1173. Најголем број на граѓани или 1.621 донеле одлука да се стекнат со друго државјанство во 2018 година. Најмал број пак е забележан во 2011 година.

Драгана Ќориќ која долги години живее и работи во Чешка е среќна што не мора да биде дел од оваа статистика. Иако ја започнала процедурата за чешко државјанство, таа нема да го загуби македонското.

Според последните податоци на Евростат, постојано се зголемува и бројката на дозвола за престој на македонски државјани во земјите од ЕУ. Од околу 10 илјади во 2013, бројката во 2018 достигнала до речиси 25 илјади. Најмногу државјанства пак според европската статистичка агенција во Унијата биле побарани во 2016 година или околу 9000.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

 

 

На почеток