Македонија

МКД.МК: Сведоштво на патник од автобуската несреќа пред две години – раните поминаа, траумата остана

Утре се навршуваат две години од трагедијата кај Ласкарци. Чекорот кон скалата на автобусот на „Дурмо турс“ на Дваесет и едногодишниот студент по правни науки Мухамед Метин Шишко што го направил на станицата кај Соборниот храм во Скопје пред точно две години комплетно ќе му го промени животот и ќе го направи сведок на најстрашната сообраќајна несреќа што до сега се случила во земјава. Оваа трагедија одзеде 16 животи, објави mkd.mk.

Со растреперен глас и воздишки, Метин за МКД.мк вели дека прв пат по настанот зборува јавно за трагедијата. За овој млад човек, кој успеал, како што вели благодарение на бог и на судбината да остане жив, овој ден донел огромна болка и трауми, но и гледиште дека животот е скапоцен, треба да се живее денес, а не да чекаме утре.

„Кога се случи несреќата, бев прва година на факултет. Обично патував кон Скопје во понеделник и се враќав назад кон Гостивар во петок. Тоа беше мојата рутина. Но тогаш беше поинаку. Не знам ете, многу чудно. Беше среда. Се сеќавам дека запишав нов семестар и дека требаше да се вратам дома во Гостивар. Оние другари со кои секојдневно си одев дома тој ден никако не можев да ги убедам да се качат со мене во автобус. Сѐ некако сите имаа други обврски, што не беше вообичаено. Јас сум голем верник и можам да кажам дека ете, судбината така одлучила. Со мене во автобусот сосема случајно се качи другар не од мојот, туку од Медицински факултет. Со него не си одевме често заедно кон дома, но ете, тој ден тој рече дека ќе патуваме заедно со истиот автобус. За жал, тој почина во сообраќајката“, раскажува Метин за големата трагедија.

Текстот во целост на:  МКД.мк

На почеток