Земјотресот кој со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Јапонија во 23 часот и 8 мин по локално време остави милион домаќинства останаа без струја, но три блиски нуклеарни централи работат без потешкотии, пренесуваат светските медиуми. Според Јапонските медиуми повредени се десетици лица.
Епицентарот бил на крајбрежјето на префектурата Фукушима на длабочина од 60 километри, објави јапонската метеоролошка служба. Не е издадено предупредување за цунами.
Снимател на „Ројтерс“ со седиште во Фукушима изјави дека неговата хотелска соба на 10-ти кат се тресе веќе некое време. Еден човек од хотелот бил хоспитализиран откако паднал и ја удрил главата на вратата.
Земјотресот ја погоди Фукушима само неколку недели пред 10-годишнината од разорниот земјотрес на 11 март 2011 година, кој го опустоши североистокот на Јапонија и предизвика масовно цунами што доведе до најголема светска нуклеарна криза.
фото: Архива