Актуелно

Марио Драги положи заклетва со што е новиот премиер на Италија

Поранешниот гувернер на Европската централна банка, Марио Драги, пред претседателот на Италија Серџо Матарела положи заклетва со што стана премиер.

Неговата влада треба да се насочи кон опоравувањето на земјата од пандемијата со коронавирусот и планот за трошењето на 200 милијарди евра од кризниот фонд на Европската унија.

Претходната Влада на Џузепе Конте се распадна по разидувањето со коалицискиот партнер околу користењето на средствата од Европската унија за закрепнување од кризата со коронавирусот.

Редовните избори во Италија треба да се одржат за две години.

извор: Макфакс

На почеток