Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” од рано утринава се на терен и спроведуваат активности за чистење на снегот и нанесување на абразивни средства на главните сообраќајници.
Исто така беше извршено прскање со средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот, напиша на својот ФБ профил Константин Георгиески.
фото: ФБ Константин Георгиески