Македонија

ЕВН: Цветкоски има неплатени фактури, но и во неколку наврати неовластено користел електрична енергија

Славчо Цветкоски од с. Лескоец – Охридско, во време од корона во време од финансиска криза веќе месец и половина, со својата мајка живее без струја. Тој раскажува дека без опомена му била исклучена струјата.

„Исклучена ми е струјата, поради не платена сметка заборавена во време од корона без да ме опоменет. А ми го извадија и сатот кој го имам платено. Ме теретат за кражба на струја. Како би можел да крадам струја, кога не се разбирам во тоа“, вели Цветкоски.

Од ЕВН не се сложуваат со Цветкоски. На прашањето зошто му е исклучена електричната енергија на потрошувачот тие велат:

Корисникот Цветкоски од охридското село Лескоец бил исклучен поради неплатени фактури за електрична енергија на ден 27.12.2020 г.

На неговата корисничка шифра фигурира огромен износ на акумулирани неплатени фактури за електрична енергија. Корисникот во неколку наврати извршил и манипулации на броилото при што неовластено користел електрична енергија.

На ден 10.02.2021 му е демонтирано броилото, повторно како последица на неовластено користење на електрична енергија.

фото: PRTSC

На почеток