Македонија

Музичарот Горан Јосифовски е починатиот битолчанец во тешката сообраќајка утринава

Утринава во тешка сообраќајна несреќа почина познатиот музичар од Битола, 36 годишниот  Горан Јосифовски .

Јосифовски излетал од патот со возилото, додека одел на работа, потврдија од СВР Битола. Несреќата се случила утрово околу 5 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп. Од здобиените повреди при несреќата, музичарот починал на самото место.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинителтелото е предадено на обдукција“, информира Секторот за односи со јавност на битолската полиција.

Јавноста го памети Јосифовски како поранешен член на „Екстра бенд“. Тој беше сопруг и татко на две малолетни деца.

фото: Социјални мрежи

На почеток