Ќе се вакцинирам по медицинскиот персонал и сакам тоа да биде јавно за да може да ги одбиеме сомнежите кон вакцината што некои луѓе ги имаат, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МКД.мк.
-Веројатно веднаш по првите категории, по медицинскиот персонал. Сакам да се вакцинирам и јавно за да може да ги одбиеме сомнежите што некои луѓе ги имаат, антиваксерите, кои не веруваат. Инаку не мислам дека политичарите треба да бидат привилегирани. Јас немам проблем и денеска да се вакцинирам, но не треба да бидеме привилегирани и да им го земаме местото на оние што една година не се излезени од болничките простории. Преку ред не е добро, но за подигање на свеста кај населението дека не е страшно и дека нема нуспојави мислам дека треба да го направиме сите, како што го прават многумина во светот, вели претседателот Пендаровски.
фото: Архива
