Македонија

Брнз: Ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем, Владата сноси одговорност, но не е само таа одговорна

„Реформите не се неопходни само за аспирациите кон ЕУ, туку се потреба, нужност. Вашата земја сега се соочува со многу сериозен предизвик, особено младите луѓе, кои се прашуваат дали овде имаат иднина, дали можат да заработуваат, дали ќе имаат можности. Имате просечни граѓани исфрустрирани од корупцијата, од недоволните реформи и напредокот на кој се надевале“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија во емисијата „Само интервју“.

Брнз додаде дека тие прашања се доста важни, но смета дека постојат конкретни чекори што може да се направат релативно брзо за да се покаже решителноста да се работи на тие прашања.

„Прво и најважно, некои од случаите на корупција што сега се водат, ако се пресудат би бил јасен сигнал. Исто така, Парламентот ажурно да ја донесе националната антикорупциска стратегија и воведувањето на таа стратегија.Имаше значителни напори во борбата против корупцијата, но се оди бавно и не се доволно. Во овој случај мислам дека перцепцијата е многу важна. Ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем. Ако е тоа нешто видливо со кое се борат секојдневно, мислам дека е важно да се обрне внимание. Кажавме дека Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна. Има повеќе чинители, институциите треба да ја одиграат својата улога, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз.

Брнз посочи дека ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем. Владата треба да сноси одговорност за постоењето на корупцијата во државата.

Имаше значителни напори во борбата против корупцијата, но се оди бавно и не се доволно. Во овој случај мислам дека перцепцијата е многу важна. Ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем. Ако е тоа нешто видливо со кое се борат секојдневно, мислам дека е важно да се обрне внимание. Кажавме дека Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна. Има повеќе чинители, институциите треба да ја одиграат својата улога, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз.

Што се однесува до Косово амбасадорката потенцираше:

„Ние поддржуваме независно, суверено и мултиетничко Косово. И претседателот Бајден зборуваше за ова, ќе се осврнам на неговите коментари, тој рече дека со сеопфатен договор меѓу Косово и Србија мора да се зачува сувереноста на двете земји. Мислам дека тоа е конечниот став. Ние поддржуваме сеопфатен договор што ќе ја зачува сувереноста на двете земји“, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз.

На прашањето од домаќинот Гоце Михајлоски за пописот во земјава, поточно дали верува дека има услови за чесно попишување, опозицијата се сомнева дека резултатите ќе бидат штелувани, амбасадорката истакна:

Треба да се направи попис. Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата.Тоа има критична функција.Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму,како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки.Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики,како и да се привлечат инвестиции,кои се неопходни за вашиот раст“, истакна Брнз на КАНАЛ 5.

А за барањето на опозицијта на предвремени парламентарни избори, овој пат заедно со локалните, Амбасадорката истакна:

Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел.Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми.За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите,политички бирократии со кои управуваат институциите,како и слободно и независно судство што спроведува правда.Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна и стабилна демократија, а така напредува општеството“, истакна амбасадорката Брнз.

Текстот во целост на: КАНАЛ 5

фото: PRTSK

На почеток