Една од најголемите регионални музички sвезди, Дино Мерлин, се збогува со Ѓорѓе Балашевиќ на својот Фејсбук профил вечерва.
Мерлин објави емотивно видео во кое со солзи во очите ја пее една од најпопуларните песни на Балашевиќ.
Легендарниот музичар Здравко Чолиќ преку Твитер се прости од својот колега, пишувајќи дека ова е болна и непоправлива загуба за културата во Србија и регионот.
„Ова е болен удар. Непоправлива загуба за културниот и јавниот живот на целиот регион, како и на сите обожаватели на неговата музика во светот. Еден од најдобрите го нема.“, напиша Чолиќ на Твитер.
Ovo je bolan udarac. Nenadoknadiv gubitak za kulturni i javni život čitavog regiona, kao i svih poštovalaca njegove muzike u svetu. Otišao je jedan od najboljih. Hvala ti Đole za sve. pic.twitter.com/E9jqrxKlHB
— Zdravko Čolić (@ColicZdravko) February 19, 2021
Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст, од последици од коронавирусот во болница во Белград. Засега не се знае местото и времето на погребот.
Ѓорѓе Балашевиќ беше југословенски и српски кантавтор и поет. Тој беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982. година ја започна својата соло кариера. Има издадено вкупно 12. албуми. Има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.
Ѓорѓе Балашевиќ е роден 1953 година и досега имаше издадено 14 албуми. Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живеел и работел во Нови Сад. Бил оженет и имал три деца Јована и Јелена и Алекса.
фото: Агенции