Македонија

Отштета од 122 евра од ден за Верушевски

За 26 февруари е закажана пресудата за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување во УБК, за што обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, началниците Горан Грујевски и Надица Николиќ, како и уште неколкумина вработени во Управата.

Со обвинението против оваа група, СЈО го запре кривичниот прогон против обвинетите во „Пуч“, врз кои редовното обвинителство претходно го стави товарот за прислушувањето. Дел од нив веќе и земаа отштета за времето кое неосновано го поминале во притвор, Објави fokus.mk. 
Па така, едно од повисоките обештетувања доби Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премиерот Заев. За времето кое го помина зад решетки, односно 334 дена во истражниот затвор „Скопје“, судот извага дека треба му ги надомести со 122 евра од ден, или вкупно државата да му исплати 40.650 евра.

 

Текстот во целост на:  fokus.mk. 

На почеток