Свет

Судот во Москва ја потврди пресудата на Навални

Судот во Москва денеска по разгледувањето ја одби жалбата на пресудата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Најостриот критичар на Кремљ е осуден на две години и осум месеци затвор поради прекршување на условната казна, а сега се соочува и со судење за клевета на ветеран од Втората светска војна.

Руските власти претходно го одбија барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на Навални, оценувајќи дека нема „правна основа“ и претставува „грубо мешање“ во внатрешните работи на Русија.

Навални е уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде престојуваше подолг период поради лекување од труењето со нервен агенс. Неговото апсење предизвика протести во Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 демонстранти.

фото: Архива

На почеток