Свет

Либискиот министер за внатрешни работи преживеа атентат

Министерот за внатрешни работи на Либија, Фатхи Башага денеска преживеа атентат на автопат во близина на главниот град Триполи.

Како што објавија западните медиуми, вооружени напаѓачи отвриле оган врз конвојот возила, во кој се наоѓал министерот, меѓутоа тој останал неповреден. Неговата полициска придружба одговорила на истрелите. Двајца од напаѓачите се уапсени, а третиот е во болница, изјави близок соработник на Башага, додавајќи дека „министерот е добро“.

Локалната телевизија Либија 24 соопшти дека еден од припадниците на обезбедувањето на министерот е повреден во нападот.

извор: МИА

фото: Агенции

На почеток