Македонија

Мицкоски: За два дена собрани се 45 илјади потписи, Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот

Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи.Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро.Македонската пролет доаѓа, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На почеток