Македонија

Мицкоски: Сопругот на сестрата на мојата сопруга има фирма во Бугарија, најверојатно така добиле и бугарско државјанство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан за „Скопје 1“ ја искоментира објавата на бугарската агенција „БГНЕС“, која објави дека сестрата од сопругата на Мицкоски има бугарско државјанство.

„Сопругот на сестрата на мојата сопруга од 2002 год има приватна компанија во Бугарија (што е речиси 20 години) и по овој основ најверојатно добиле државјанство. Јас никогаш не сум се осмелил да ги прашам за тоа бидејќи тоа е нивна приватна работа. Јас никогаш не сум го мешал потесното и поширокото семејство на никој политичар, а на децата од семејството од премиерот дури им бев и професор на факултет додека ја водам партијата“, вели Мицкоски за „Скопје 1“.

Претходно, „БГНЕС“ објави дека Стевица Јанева, која наводно е сестра на Рози Мицкоска, сопруга на Христијан Мицкоски има бугарско државјанство. Агенцијата пишува дека овој факт го потврдиле откако виделе во избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија, стои името на сестрата од сопругата на Мицкоски, објави bgnesagency.com.

фото: Архива

На почеток