Актуелно

„Протести во исти ден со пресудата за Мијалков, за дефокус од 12-годишната казна“, актерот Тасевски со нови дилеми

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи објави дека протестите против пресудите за петкратното убиство на Смилковското Езеро, во исти ден со пресудата за Сашо Мијалков е само дефокус од 12 годишната затворска казна изречена на ексидректорот на УБК.
„Туку, што требаше да дефокусира протестот на Албанците за Монструм. Во ист ден со пресудата на Мијалков. Го најавуваа како албанска инвазија. Па тоа мерки за безбедност, супер заштитени челници на државата, па снајперисти по зградите. А уствари заврши со вообичаениот декор и пароли, плус, фрлање камења на полицијата. Локализиран уште на Бит Пазар. Фрлаа камења колку да имаат медиумиве тема за дефокус. Но зошто? Што требаше да се скрие поврзано со пресудата на Мијалков? Кој доби најмногу со неговата пресуда?
Изгледа Заев доби уште еднаш ветер во Сидрото од едни странци. Ама баш во Сидрото, зашто познат е по тоа што секоја предност знае максимално да ја покака. Сепак продолжуваме по патот кој води во голема непријатност со тешки тегоби“, напиша актерот Сашо Тасевски.
На почеток