Коментари

Богојески за Пандов, Миленко, Панчевски: Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава

Првиот човек на „Македонски концепт“, Петар Богојески го искоментира апсењето на Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митовски.

„Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава… и во услови на корона, нормално е да се практикува геј распаљотка! Лично ги познавам господата Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски, Александар Митевски… не е ок да се користи сексуалната ориентација за власта да се одмаздува врз нив! Влада на Република Северна Македонија не може да продолжите со дискриминација на сексуална основа! Срамно е! Не сме 19ти век!“, пишува Петар Богојески.

Инаку, полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“.

На почеток