Убиецот на Алмир шета слободно на денот кога треба да оди во затвор, објави Алсат, објавувајќи фотографија за која тврди дека на неа е убиецот на Алмир.
Инаку кумановскиот суд му изрече на триесетгодишниот Илиќ затворска казна во траење од 6 години за делото кое го извршил по расправијата што ја имал со таткото на Алмир. Илиќ беше првично обвинет за убиство со умисла, но по новите вештачења кои беа доставени, кумановскиот суд го преквалификува делото во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Инаку во однос на овој случај, кумановскиот суд изрече и казни за Сами Демири кој беше осуден на условна казна од 9 месеци, а таткото на Алмир, Седат Алиу, доби 6 месеци условна казна. При донесувањето на пресудата, судијката образложи дека сите заедно придонеле да се случи последицата, односно смртта на Алмир.
фото: Алсат