Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс и замена на дотраената азбестна водоводна линија.Деновиве ќе се изврши отстранување на старите и оштетени стебла од дрворедот на улицата. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед.Општина Охрид во согласност со својата годишна програма, во континуитет инвестира во подобрување на животната средина и одржување на зеленилото во градот. Во тек е тендерска постапка за набавка на вкупно 300 четиригодишни садници од видот Acer platanoides, од кои дел ќе бидат наменети за новиот дрворед на улицата „Јане Сандански“.Поради непречено одвивање на активностите, ги известуваме учесниците во сообраќајот дека ќе има времена забрана за паркирање на возила на оваа улица, напиша во својата фејсбук објава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
ФБ Константин Георгиески