Македонија

Пукање во Ѓорче Петров – ранет полицаец

Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент. Имено, како што дознава КУРИР, денес пукано е во полициски службеник.

Како што неофицијално дознава КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија.

Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р, дознава КУРИР од МВР.

извор:  КУРИР,

На почеток