Македонија

(ВИДЕО) Граѓаните  исплашени од коронавирусот, нудат алтернативни начини за лечење – протнување под корените на орева во Делчево

Граѓаните  исплашени од корона вирусот, а чекајќи ги вакцините се вртат кон алтернативни начини за лечење на КОВИД19.  Локалната телевизија М-Нет од Делчево денеска објави снимка која е најдобар доказ за ова. Имено жителите на градот и на околните села деновиве во се поголем број доаѓаат за да се протнат под корените на два орева, убедени дека тоа ќе ги заштити од  вирусот.

Според прилогот на телевизијата 70-годишниот Страшо Димитровски од Делчево, на сон му се јавило да ископа дупка под двете оревови дрвја во месноста Брежје, во близина на реката Брегалница. Овој ритуал од неговите блиски набргу се раширил и во околината но и подалеку, па почнале да доаѓаат и луѓе од целиот регион.

„Тоа го направив за народ што ме почитува. Кој ме мрази, не мора да доаѓа и не мора да верува, ама кога ќе го налегне – ќе поверува,“ вели Димитровски за М-Нет, додавајќи дека преминот под оревовиот корен го отворил „за здравје“ и против „пусти болести“.

видео:  М-Нет

На почеток