Претставниците на федералната и покраинските влади на Германија вчера се согласија да ги продолжат мерките за затворање до 28 март со многу опции за отворање во зависност од епидемиолошката состојба.
– Мораме да преземеме чекори, но тоа мора да бидат чекори што нема да не вратат назад, рече германската канцеларка Ангела Меркел доцна синоќа по состанокот со сојузните премиери.
Меркел истакна дека Германија „не безгрижно, туку со надеж” влегува во нова фаза во борбата против пандемијата.
Германската канцеларка објасни дека вакцинацијата и тестирањето се во прв план во борбата против ширењето на коронавирусот.
Таа, исто така, најави поголема флексибилност при вакцинирањето со списоците на чекање, со цел што помалку датуми за вакцинација да останат неискористени, како и вакцинации кај матични лекари.
Стратегијата на борбата против пандемијата не се заснова само на забрзана вакцинација, туку и на масовно тестирање.
Извор/фото:Агенции