Свет

Научници од целиот свет работат на развој на вакцина против КОВИД 19 во форма на спреј

Неколку научни тимови од целиот свет работат на развој на вакцина против коронавирусот што би се давала назално, во форма на спреј. Повеќето вакцини што се користат во моментот се даваат со инјекција во раката, но научниците веруваат дека би имало многу повеќе смисла за респираторните вируси да се гради имунитет на првото место на контакт со организмот кој се случува во мембраната на носот, устата и респираторниот тракт, пишувa шпански „Ел Паис“.

На овој начин веќе се користат неколку вакцини против грип, а се верува и дека оралната вакцина против полио (полиомиелитис), одобрена во 1961 година, помогнала да се спречи болеста, особено кај децата.

фото: Faktor.ba

 

На почеток