Македонија

И Русковска потврди дека излажа

По два дена молк, обвинителката Вилма Русковска и сама призна дека за можното бегство на Сашо Мијалков му кажала и на министерот за правда, Бојан Маричиќ. Тоа се случило еден ден пред да побара од МВР да ги провери индициите за можното бегство на Мијалков и два дена пред да биде побаран притворот за Мијалков од Кривичниот суд. Признавањето доаѓа откако Русковска претходно негираше дека известила друг член на Владата освен министерот Оливер Спасовски за сознанијата поврзани со намерите на Мијалков, објави А1ОН.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал чија шефица е Вилма Русковска не одговараат зошто таа претходно негираше дека ја споделила информацијата со друг министер. Нема одговор ниту зошто обвинителката веднаш не стапила во комуникација со Спасовски или Кривичниот суд за да побара мерки за обезбедување присуство на Мијалков, туку дури по еден ден го извести МВР, а по два, Кривичниот суд. На Мијалков му се изгуби трагата во неделата кога Обвинителството побара, a судот одобри притвор.

Текстот во целост на:  А1ОН.

На почеток