Коментари

Ременски: Социјалдемократи ми праќаа покани да ставам “лајк” на ФБ страницата на “јавната личност Сашо Мијалков“, на погрешна адреса дечки праќате

Социјалдемократи ми праќаа покани и потсетувања да ставам “лајк” на ФБ страницата на “јавната личност Сашо Мијалков”, па ми праќаа колумни од Никола Тодоров “реформаторот”, па сега ми праќаат сликички со написи од слични “реформатори” … Не бре дечки, на погрешна адреса ги праќате “воспевите за подвизите” на тие против кои до вчера се боревме, напиша на својот ФБ профил Фросина Ремески.

Таа во објавата додава:

Не знам за вас, но јас се борев и уште се борам против истите тие паразити – конкретно и со факти, со име и презиме, јавно и транспарентно, не со пароли.
Се’ ќе беше во ред ако со истата храброст истите вие ставевте “лајк” на објавите за нивниот криминал за кој некој велат дека, “летала глава”.
Некако од заборав “ви летнал паметот” – ги измешавте лончињата и приоритетите …
Од култура нема да ве наредам со име и презиме, за да го покажам вашиот придонес во борбата и за партијата.
Но, има време ќе ви текне, напиша Ременски на ФБ.

На почеток