Македонија

Кривични пријави против директори и главна медицинска сестра во болницата во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д. медицински директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола, заради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил две кривични дела по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ и против лицето Ј.Ј.(63) од Битола. управител на правно лице од Битола и пторив правно лице од Битола заради постоење на основи на сомнение дека второ и трето пријавените превзеле дејствија опишани кривичното дело “Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.

Првопријавениот во својство на службено лице на 15.08.2018 година, потпишал Спогодба за деловна техничка соработка со ФК Пелистер АД Битола за давање на повратни парични средства, без претходна одлука на Управен орган, по што на сметката на ФК Пелистер биле префрлени средства во износ од 600.000 денари, оштетувајќи ја Клиничка болница Битола за наведениот износ.

Првопријавениот, исто така на 07.04.2020 година одобрил исплата на парични средства кон правно лице спротивно на договорите за јавни набавки во вкупен износ од 292.816 денари, со што ја надминал вкупната вредност на набавката спротивно на Договорот.

Второпријавениот како одговорно лице во правно лице, изготвил лажни фактури, со цел лажно прикажување на состојба дека извршил угостителски услуги,ставил свој потпис и печат од правното лице чиј управител е и покрај фактот што знаел дека угостителските услуги се извршени од неколку други субјекти во Битола.

фото: Архива

На почеток